Премиерот Димитар Ковачевски на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц побара безусловен старт на преговорите со Европската Унија не криејќи ја амбицијата, одлуката за тоа да се случи веќе на претстојниот самит на ЕУ на 23. јуни во Брисел.
„Македонија има направено се за да се случи првата меѓувладина конференција со ЕУ. Доколку се работи, а се работи по мерит систем на заслуги, Македонија заслужува прва меѓувладина конференција. Ние не можеме постојано да бидеме заложници на самитите на ЕУ и да очекуваме дали ќе има или ќе нема датум. Тоа сега зависи од 27 земји на ЕУ, односно имаме ситуација кога една земја членка на ЕУ држи како заложници две земји кандидати за членство на патот кон ЕУ. Огромна е поддршката на Германија за прогрес во евроинтеграциите и благодарни сме поради тоа – рече Ковачевски.
За преговарачкиот процес со Бугарија Ковачевски со став:
„Ние со нив водиме преговори на принципиелни и европски вредности, врз основа на начелата на изгласаната Резолуција во нашето Собрание. Кога се работи за преговори најмалку еден услов тие да бидат успешни се страните да се доверливи во процесот. Ако сака процесот да е успешен и Бугарија треба да е таква и тоа да го направи. Но, има разлика. Овие преговори за нас се поради отпочнување на процесот на пристапни преговори со ЕУ и ние ова не го политизиравме или инструментализиравме како внатрешно полотичко прашање , што не е случај со Бугарија која го инструментализира и политизира прашањето, што не е добро. Не сакам да ги коментирам претпоставките и барања за кои јавуваат медиумите. Разговорите со бугарската страна се водат преку МНР и тогаш кога ќе дојде момент на заемно прифатлив документ ќе соопштат, но досега таков документ нема – изјави Ковачевски.