Ковачевски: Не сум разговарал со Заев за Груевски – тоа е депласирана тема

Премиерот Ковачевски демантира дека бил во било каква комуникација со Заев поврзана со комбинаторики за враќање на екс премиерот Груевски во Македонија

„Прво не сум имал состанок со поранешниот претседател, по состанокот што го имавме на телото за стратегија во СДСМ каде што членуваат поранешниот претседатели и секретари ниту пак сме имале состанок заедно со генералниот секретар. Во однос на актуелната тема, која што за мене најискрено да ви кажам не е ни актуелна во врска со враќање на поранешниот претседател на владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека тоа е депласирана тема бидејќи за него има потерница да се врати во Македонија но треба да се врати за да се соочи со казната согласно законите и согласно она што е донесено од правосудните органи. Исто така прашавте во врска со комуникација со правосудните органи. Јас веќе сум кажал, јас немам никаква комуникација со правосудните органи затоа што сметам дека тие треба да работат независно и тоа ќе ви го каже секој судија или обвинител.
Сметам дека сите овие теми се интересни за слушање и за читање но сметам дека нема основа тие да бидат реална политичка дебата во државата“ смета премиерот.

Ковачевски рече дека не сака да ја толкува одлуката на апелација со која застари делото ТНТ по што Груевски се спаси од 9 години затвор

Реакцијата на Ковачевски следува откако утрово во медиумите беше објавена информација дека Заев му се заканил на раководството на СДСМ дека ќе тргне против него ако продолжи да соработува со ДУИ во нивната акција за враќање на Груевски во Македонија.