Ковачевски: Не се откажуваме од концептот „Едно општество за сите”, градиме мостови дома и со соседите

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

„Со исправни одлуки градиме мостови дома, со соседите и со светот.Продолжуваме да го градиме концептот „Едно општество за сите“ заедно со Бошњаците кои се вткаени во нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна држава. Како рамноправен народ тие се вклучени во носењето на сите важни одлуки за државата со што учествуваат во создавањето на подобро утре за сите.Државата ја сакаат низ дела и за овој придонес на граѓаните од бошњачката етничка заедница, во името на Владата на Република Македонија и во мое име, изразувам искрена благодарност и почит. Нека e честит 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците!“ – напиша Ковачевски.