Според пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска, премиерот и лидер на партијата имал вложено финансиски средства за обезбедување на почетната ликвидност на фирмата, но, како што рече одговарајќи на новинарски прашања, уште на 28 септември 2020 година во целост го повлекол износот.
Владејачката СДСМ денеска ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека премиерот Димитар Ковачевски и неговиот кум имаа бизнис во енергетиката вреден 26 милиони евра и оттаму велат дека Ковачевски не е дел од сопственичката структура на компанијата Пиксел Груп Доо Скопје, ниту пак е сопственик.
Според пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска, премиерот и лидер на партијата имал вложено финансиски средства за обезбедување на почетната ликвидност на фирмата, но, како што рече одговарајќи на новинарски прашања, уште на 28 септември 2020 година во целост го повлекол износот.
„Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата која тогаш ја извршуваше, земеник министер за финансии. Сето ова може да види и во Анкетниот лист на премиерот“, изјави Марковска.
Таа потенцираше дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е очајна и дека го напаѓа Ковачевски „затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии“.„Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Дека станува збор за фабрикувана манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, која се однесува на сите компании кои исполниле услови“, рече пратеничката на СДСМ.