„Немам дилеми доколку се случи ДПМНЕ да дојде до власт ни следува враќање назад и како држава но и враќање на тоа мрачно време. Нема никаква разлика од ова ДПМНЕ со она на Груевски, за жал никогаш не расчистија со тоа нивно минато, од проста причина што тоа за нив беше врвот во владеењето, израз на апсолутна моќ на партијата врз државата, без да се има предвид што граѓаните сакаат и каде треба да се движи државата“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Цивил“.
Тој доадде дека граѓаните од друга страна сакаат државата да оди напред, сакаат децата да им останат дома и сакаат побогат живот.
„Од тие причини верувам дека ќе ги препознаат како штетни стратегиите на ДПМНЕ. Убеден сум, со глас за европскиот фронт граѓаните ќе испратат јасна порака дека не сакаат назад во неизвеснот туку сакаат земјата да продолжи напред, по вистинскиот, по европскиот пат“ рече Ковачевски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се служи со националистички наративи, бидејќи немаат што друго да понудат, немаат ниту визија, ниту идеја, ниту програма за работа.