Ковачевски: Невработеноста кај нас е на историски најниско ниво!

„Стапката на невработеност се очекува дополнително да се намалува. Во моментов е на историско најниско ниво од 15,2 проценти“.

Ова претпладнево го изјави македонскиот премиер – Димитар Ковачевски на обраќањето на меѓународната конференција „Економски финансиски форум“.

„Создаваме основа за забрзување на економскиот раст. Во втората половина од годинава предвидуваме стабилизирање на цените. Прогнозите се дека економскиот раст на среден рок кај нас е забрзан“ – рече тој.

Ковачевски нагласи дека очекува да има раст на нето платата.

„Го обезбедуваме растот на просечната нето плата, која според статистиката достигна 500 евра“, вели Ковачевски и подвлекува дека „Владата на среден рок останува посветена на структурните реформи, забрзан економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Несомнено е дека економските последици од војната во Украина влијаат на проекциите и на истите е извршена надолна ревизија, следејќи го трендот на ревизија на проекциите на глобално ниво“.