„Владата на СДСМ е на чекор од исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари“. Ова денеска својот фејсбук-профил го напиша премиерот Димитар Ковачевски. Тој вели дека мерките за раст на плати и добрите економски политики, овозможија и во услови на двегодишна пандемија платите континуирано да растат.
„Остануваме посветени на растот на прходите и поддршка на сите граѓани. Покрај платите растат и пензиите, а обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза. Преку 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои значат повеќе приходи и полесно пребродување на економските предизвици со кои се соочуваме“ – напиша Ковачевски.
Државниот завод за статистика денеска објави декапросечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани.