Ковачевски на Фејсбук: Нивните битки се поважни и потешки од која било битка на нас возрасните

Денеска на Хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести, имав моменти исполнети со искрена детска радост и надеж. Овие наши мали, а сепак големи херои со насмевка и упорност се соочуваат со големи предизвици, објави премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

Нивните битки се поважни и потешки од која било битка на нас возрасните, затоа нивната среќа е важна не само за нивните родители, семејства, туку за сите нас. Подароците се надевам дека ќе бидат од помош што полесно и побрзо да ги пребродат болничките денови. Им посакувам брзо закрепнување и детството да го поминат во здравје и среќа дома, а не во болница. – вели тој