Владата нема дилеми за стратешкиот правец на државата и одлуките што ќе се носат ќе бидат на прогресивната страна, со јасна заштита на нашиот јазик и идентитет, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претставниците од граѓанскиот сектор, експерти од различни области, професори и политички аналитичари за европскиот предлог за македонките евроинтеграции.
На брифингот се дискутираше за европскиот предлог за просперитет на Северна Македонија, а Ковачевски напомена дека Владата партнерски, низ дијалог и консултации, носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот упати благодарност за придонесот што го даваат граѓанскиот сектор и експертската јавност во овие клучни моменти за државата.