Претседателот на СДСМ – Димитар Ковачевски денеска имаше средба со германската амбасадорка Анке Холштајн.
На средбата се разговарали за повеќе актуелни прашања, како евроинтегративниот процес и економската соработка помеѓу двете земји.
Претседателот Ковачевски искажал благодарност што во сите овие 30 години Германија дава безрезервна поддршка на нашата држава во сите клучни сфери, особено во делот на економијата, но и најзначајните реформски процеси.
„Германија е нашиот најголем стратешки сојузник во Европа и силен поддржувач на нашиот евроинтегративен процес. Ви благодарам на сета досегашна поддршка и се надевам дека таа ќе продолжи и во иднина. Покрај тоа што сме партнери во НАТО, што сте наш силен поддржувач за интеграцијата во ЕУ, Германија е нашиот најважен трговски партнер, не само поради германските компании што се присутни овде, туку и преку размената на стоки меѓу двете држави. Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија за нас е многу важна партнерска организација и со соработката со неа ќе ја продолжиме и унапредиме“ порачал Ковачевски.