
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва изјави дека лидерската средба за договор за изборите ќе се одржи во понеделник на која треба да учествуваат сите парламентарни партии и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
На вечерашната заедничка прес конференција со еврокомесарот за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, премиерот Ковачевски најави дека утре ќе испрати покана до сите парламентарни партии и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во понеделник да одржат лидерска средба.
„На лидерската средба ќе разговараме за евроинтегративниот процес на земјата, за одржувањето на редовните парламентарни и претседателски избори но и за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР“, рече Ковачевски.