Драго ми е што вечерва сум гостин на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.
Мојата посета ја започнувам со пријатна заедничка прошетка низ убавото шеталиште покрај Сава во Белград.
Споделивме размислувања за цврстото пријателство, соработката, партнeрството меѓу нашите две земји како и визијата за иднината на Западен Балкан.