
Топло добредојде за Дерек Шоле денеска на средба во Скопје, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по повод денешната посета на советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, на Скопје.
„Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално. За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби“ – најави премиерот.
Од фотографиите кои Ковачевски ги објави на својот Фејсбук профил, може да се забележи дека тој на Шоле му подарил македонски дрес.
Посетата на советникот на Стејт департментот на земјава е во рамки на балканската турнеја во која освен Скопје, Шоле ќе ги посети и Белград и Приштина. Целата на оваа турнеја, како што претходно нагласија од Стејт департментот, е да се нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.