Ковачевски изрази сочувство до Ердоган: Ужасна вест која не растажи сите!

„Ужасна вест за земјотресот во Турција која не растажи сите“, напиша премиерот Ковачевски на својот Фејсбук профил по страшниот земјотрес кој утринава ја погоди Турција.

„Во мое лично и во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам длабоко сочуство кон Recep Tayyip Erdoğan за изгубените животи, и посакувам брзо опоравување на повредените“, вели Ковачевски во пораката.