Ковачевски за Црвенковски: Во негово време беше неостварливо да бидеме членка на НАТО и да преговараме со ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски за Бранко Црвенковски истакна дека тој извршувал 13 години високи функции и учествувал во носење многу одлуки, но тогаш од негова временска перспектива некои работи биле неостварливи, а дека сега Македонија, според него, многу брзо ги остварува своите стратешки цели.

– Типуваа дека дека нема да станеме членка на НАТО, ние станавме. Имаше луѓе кои велеа дека нема да добиеме преговарачка рамка, па добивме. Зависи кој како гледа на работите. Во негово време, изгледаше неостварливо да бидеме членка на НАТО и да бидеме земја која преговара за членство во Европската унија.

Јас верувам ние до 2030 година дека ќе ги затвориме преговорите. Ако ја погледнете изјавата на Урсула фон дер Лејен која ја кажа после нашата средба, и таа зборуваше за отворен пазар и помош за кандидатите за членство во ЕУ.

На секој состанок со ЕУ ние истакнуваме дека разликата во парите кои ги добиваат земјите членки и кандидатите е многу голема и дека треба да се намали за да се намали и јазот помеѓу земјите. Тоа беше корисно излагање од Црвенковски и со должна почит ги следам активностите бившите претседатели – истакна Ковачевски.