Ковачевски: За нашите граѓани животот во ЕУ не значи карта во еден правец

„За нашите граѓани, животот во ЕУ не значи карта во еден правец или иселеничка виза, туку гаранција за подобар стандард, за повисоки платени работни места и европски вредности, но тука дома во нашата држава. Тоа и го мислам и верувам дека е така“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Локално“:

Тој додаде дека ЕУ и нашето членство во неа се единствениот начин да се обезбеди просперитетна иднина и услови децата да можат дома да ја градат својата иднина.

„Затоа на Северна Македонија и треба проевропска Влада и евроатланска ориентација, и јасен план за движењето на државата кон интеграцијата во ЕУ. Сите оние кои го кочат европскиот пат, им ја одземаат можноста на македонските граѓани да живеат достоинствено“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ рече дека ова е време за европски политики кои се на иста линија со прогресивната јавност во државата.