„Не работам за анкети и личен рејтинг туку за подобар живот на граѓаните“, рече денеска во одговор на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски запрашан за коментар околу најновата анкета на „Фокус“.
,,Ја видов анкетата. Прво, ви кажав дека своето работење не го водам во анкети и личен рејнтинг, тоа неколку пати го имам кажано. Јас дојдов за претседател на Влада во еден исклучително тежок период за државата, во време кога бевме во економкса, енергетска и после неполн месец на формирањето на Владата започна војната во Украина. Она на што бев заедно со министрите фокусиран, беше справување со енергетската криза што мислам дека успеавме да се справиме на квалитетен начин, справување со економската криза, знаев дека после една таква Корона пандемија дека ќе дојде до инфлаторен притисок и затоа работевме со синдикатите на зголемување на минималната плата, на зголемување на пензиите и сето тоа придонесе да овозможиме нашите граѓани на најдобар можен начин во тие услови да се справат со тешка криза. Направивме најголем пакет на атникризни мерки од 760 милиони евра за нашите граѓани, сега ќе следува нов пакет на атникризни мерки кој ќе се однесува за најранивлите категории, субвенциорниањето на електричната енергија продолжува и мислам дека ќе дочекаме една поуспешна 2024 година за Северна Македонија и за граѓаните, рече премиерот Димитар Ковачевски.