Премиерот Ковачевски, гостин во најновото издание на Трилинг одговара на прашања поврзани со актуелни теми кои го засегаат нашето општество.
Ковачевски истакна дека во однос на основните прехранбените производи, Владата имала јасна политика.
,,Реална политика. Не дозволивме ценовен шок за граѓаните. Прво донесовме два пакета антикризни мерки во износ од 760 милиони евра кои што беа наменети за најранливите категории на граѓани, вклучително и субвенционирање на цената на електричната енергија, 80% од реалната цена, што значи дека граѓаните во целиот изминат период и оној што е пред нас , плаќаат пет пати помали сметки од тоа што би плаќале без субвенцијата од државата’’ .
Во текот на разговорот истакна и дека реконструкцијата на Владата обезбедила политичка стабилност во државата, зголемена ефикасност на донесување на одлуките пред се во Собранието и кадровско освежување во Владата.
,,Јас во мојата канцеларија имам единствено лаптоп и еден куп барокни фотелји оставени од еден бивши премиер, кои што се многу поскапи од било каков спортски реквизит’’ – вели Ковачевски.
На прашањето дали СДСМ и самиот тој како лидер и премиер, станале заложници на албанската етничка заедница, Ковачевски возврати:
,,Кога се работи на остварување на цели , кога се работи на остварување на визија, и кога партнери во било која работа а пред се во политика имаат иста и цел и визија тогаш не може да се работи за никакво заложноштво’’ – истакна тој.
,,Патот за Брисел не води преку Софија. Ние со Бугарија имаме билатерални прашања, и билатерални прашања ќе се решаваат билатерално. Ние имаме и со Грција билатерални прашања, кои исто така ќе се решаваат билатерално’’ – потенцираше Ковачевски.
Одговори и на прашањето колку денеска е присутно руското влијание на Балканот:
,,Руското влијание било и е засилено присустно, тоа е прво влијание преку политички партии.
Ковачевски посочи дека никогаш не одбил да одговори на новинарско прашање, ниту пак на некој му било дадено некакво прашање да му постави.