Македонскиот премиер Димитар Ковачевски по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на заедничка прес-конференција со лидерите на Албанија и Србија – Еди Рама и Александар Вучиќ го отфрли францускиот предлог за кревање на бугарското вето и почеток на пристапните преговори на РСМ со ЕУ.
„Предлогот во ваква форма е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалициските партнери, за институциите и за граѓаните на РСМ. Да порачам дека граѓаните на РСМ треба да се спокојни. Ние секогаш ги имаме во прв план стратешките интереси и цели на државата ред. Никој не може без наша согласност да наметне какво било решение“ рече Ковачевски.
Тој нагласи дека од македонска страна е направено се.
„Ние направивме се, сега ЕУ е на потег. 17 лидери, 27 нации, 27 земји се приклучија кон ЕУ, сите гордо се приклучија. Не бараме ние ништо повеќе од почит за лингвистичкиот, културниот и историскиот идентитет на мојот народ“ порача Ковачевски.
Премиерот рече и дека „Северна Македонија и Албанија, како и регионот, не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја членка на ЕУ, која едноставно не успева да се искординира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат“.
Тој порача дека „не смееме да дозволиме билатералните прашања да станат мултилатерален проблем“.