„Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир“. Ова го напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.
„Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои дирекна закана за безбеденоста на Северна Македонија“ напиша тој.
Ковачевски објави и дека „Владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба“.
„Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните“ напиша Ковачевски.