Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Минхен се сретна со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност – Жозеп Борел.
За време на разговорот Ковачевски се заблагодарил за личната поддршка и посветеност на Борел за остварување на нашата европска иднина со цврстиот став дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ без натамошно одлагање.
Го запознал Борел за отворениот процес за градење доверба со премиерот на Република Бугарија и со Владата во Софија, кој се одвива во позитивен дух и од кој се очекува разумна европска формула која ќе го деблокира почетокот на пристапните преговори за Република Северна Македонија.
Премиерот Ковачевски го поканил Борел да ја посети Северна Македонија.