Лидерот на СДСМ, воедно и мандатар за состав на новата Влада – Димитар Ковачевски го честита Бадник и на граѓаните им посака добро здравје, радост во срцата и благосостојба во нивните домови.
„Бадник е предвесник на Христовото раѓање, денот на надежта и оптимизмот, посакувам да го дочекаме сите во слога, спокој, семеен мир и радост. Нека е за многу години Бадник“ – напиша Ковачевски на ФБ.