Коалиција Менуваме ќе им додели новогодишни подароци на децата со попреченост

Коалиција Менуваме, заедно со „веселиот Дедо Мраз“ утре и задутре ќе ги посети домовите на децата со попреченост, како и децата без попреченост и ќе им додели новогоидишни подароци, информираа од Коалиција Менуваме.

Коалиција Менуваме, заедно со „Веселиот Дедо Мраз“ денеска и утре ќе ги посети домовите на деца со попреченост, како и децата без попреченост и ќе им додели новогодишни подароци, информираа од Коалиција Менуваме.

Во соопштението тие наведуваат дека за време на новогодишните празници потребна е општествена солидарност и упатуваат благодарност до Кликни Јади, Црвен Крст и НЛБ Банка.

– За време на новогодишните празници, ние не промовираме општествено дистанцирање, ние промовираме физичко присуство и општествена солидарност. Не оставај никој зад себе е еден од водечките принципи на Коалицијата Менуваме на Целите за одржлив развој. Во својот новогодишен проект, Коалицијата Менуваме работејќи на поттикнување на хуманото учење и размена на искуствата од достигнувањата од Агендата 2030, особено принципот Не оставај никој зад себе, Коалицијата Менувамеме заедно со „веселиoт Дедо Мраз“ ќе ги посети домовите и ќе ги израдува со новогодишни подароци децата со попреченост и без попреченост во Скопје на 12 и 13 јануари. Посебна благодарност до Кликни Јади, Црвен Крст и НЛБ Банка, стои во соопштението.