Коалицијата на Макрон со минимална предност на изборите во Франција

Алијанса „Заедно“, предводена од францускиот претседател Емануел Макрон во вториот круг од изборите за Долниот дом на Парламентот на Франција влегува со мала предност пред левицата, покажуваат конечните резултати од вчерашните избори во Франција. Излезноста на изборите беше на историски ниско ниво, со 47 отсто од гласачите, а вториот круг ќе се одржи на 19. јуни.

Алијансата „Заедно“ освои 25,75 отсто од гласовите, покажува објавениот резултат на Министерството за внатрешни работи, додека левичарскиот блок „НУПЕС“ на чело со Жан-Лук Меланшон е втор со 25,66 отсто.

Проекциите се дека Заедно“ ќе освои меѓу 260 и 300 места во парламентот, а за мнозинство ќе бидат потребни 289.

Левицата треба да освои меѓу 170 и 220, што е значително зголемување во однос на 2017 година.