
Коалицијата „Менуваме“ предупредува: Илјадници семејства од први февруари останале без здравствено осигурување
Коалицијата „Менуваме“ постојано ја предупредува јавноста дека сегашното раководство нема професионален капацитет и експертиза потребни за толку чувствителен сектор. Денес, последиците од таа неспособност ги чувствуваат најранливите граѓани.
Од 1 февруари илјадници семејства – вклучувајќи семејства со попреченост кои се корисници на Гарантирана минимална помош (ГМП) остануваат без здравствено осигурување. Оваа ситуација директно го загрозува едно од најфундаменталните човекови права: правото на здравствена заштита.
Без здравствено осигурување, на корисниците им е одбиен пристап до основни медицински услуги како што се лекарски прегледи, редовни прегледи, терапии, лекови и континуиран A+-rF6sGA@mail.gmail.com третман. За ранливите категории, ова не е административно прашање – туку е прашање на здравје, достоинство и опстанок.
Оваа алармантна ситуација е резултат на институционална небрежност и лошо управување од страна на министерот Фатмир Лимани и заменик-министерот Ѓоко Велковски од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Коалицијата „Менуваме“ постојано ја предупредува јавноста дека сегашното раководство нема професионален капацитет и експертиза потребни за толку чувствителен сектор. Денес, последиците од таа неспособност ги чувствуваат најранливите граѓани.
За да ја потврди реалната состојба, Коалицијата „Менуваме“ спроведе теренски посети на Центрите за социјална работа. Она што го откривме ги потврдува нашите загрижености: системот работи на најниско ниво. Важно е да се напомене дека овој колапс не е одговорност на вработените, кои даваат се од себе во исклучително тешки услови, туку одговорност на министерот Лимани и заменик-министерот Велковски, чии одлуки или недостаток на истите – го доведоа системот до оваа точка.
И покрај повторените обиди, Коалицијата побара објаснувања од министерот Велковски, но повторно не беше добиен одговор. Молчењето, во овој случај, е еднакво на неодговорност.
Коалицијата „Менуваме“ нема да молчи додека граѓаните се лишени од нивните основни права.
Доколку проблемот со здравственото осигурување не се реши до 6 февруари , ќе покренеме судска постапка за утврдување одговорност и заштита на правата на корисниците на ГМП.
Здравствената заштита не е привилегија.Тоа е уставно и човеково право, порачуваат од коалицијата.