
Коалициониот партнер ВЛЕН го блокира Законот за бранителите
Имрлије Фетаи Салиу, пратеничка од ВЛЕН, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, пред Комисија за социјална политика изјави дека Законот за бранителите нема да се стави на дневен ред додека во него не се вклучат и борците на УЧК.
Имрлије Фетаи Салиу, пратеничка од ВЛЕН, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, пред Комисија за социјална политика изјави дека Законот за бранителите нема да се стави на дневен ред додека во него не се вклучат и борците на УЧК.
Африм Гаши за ја назначи Фетаи за претседавач на оваа Комисија, откако парламентот ѝ изгласа недоверба на сега експретседателката на тоа работно тело, Илире Даути. Но Фетаи не успеа да го стави на гласање ни дневниот ред на седницата бидејќи пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска побара дополнување со Законот за бранителите. По ова, Фетаи ја затвори седницата на неопределено време. Според ова, Комисијата за социјална политика и натаму останува блокирана.
Фетаи ѝ одговори на Тренчевска дека претседателот Гаши ја назначил да претседава со Комисијата само за Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
„Кажав дека има само една точка на дневен ред и ве молам да гласаме. За Законот за бранителите поминати се сите рокови и јас треба да го разгледам само Законот за пензиско и инвалидско осигуривање. Вие од СДСМ не правете тенденции. На седницата за интерпелација ја напуштивте салата за да не бидете обвинети за влошување на меѓуетничките односи. Јас ќе ја заклучам седницата на неопределено време. Мислам дека дебата не е потребна. ВЛЕН нема да дозволи да се стави Законот за бранителите на дневен ред без припадниците на УЧК. Нема потреба од дебата. Се надевам дека Илире Даути ќе се врати во Комисијата за претседателка – рече Фетаи.
Опозицијата не реагира дека Гаши за претседавач на Комисијата определи пратеничка од власта иако според меѓупартискиот договор со тоа работно тело претседава пратеник од опозициските партии, поточно од Европскиот фронт.