Помошникот директор на сплитскиот аеродром, Перо Билас, денеска соопшти дека е воспоставен клучен информациски систем, што беше урнат со хакерски напад во понеделникот вечерта и предизвика прекин на воздушниот сообраќај.
Тој нагласи дека е во функција клучниот ИТ систем за прием и испраќање на патници, како и на авиони, и дека се работи за сложен систем.
Билас додаде дека се уште е потребно да се ажурираат сите податоци и да се направат конечни корекции.