Како што може да се прочита во поканата за отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, тој е основан со финансиска помош на „нашите пријатели од Канада: Глигор Цанев и Минчо Остас од Торонто и Македонско меѓународно здружение за човекови права во Канада“.
Информацијата за финансиерите на клубот за „360 степени“ ја потврдија и организаторите на отворањето на клубот
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со седиште во Торонто, Канада, го води Бил Николов, канадски државјанин со македонско потекло. На 8 септември, на пример, тој има напишано: „Да бев лидер на Македонија, пред Генералното Собрание на ОН би го соопштил следното
Го вративме вистинското име, Македонија, ги ослободивме сите политички затвореници, се повлековме од НАТО и од кандидатурата за ЕУ и ги протеравме претставници на САД/НАТО/ЕУ од Македонија“.
Отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија кое е закажано за 30 октомври е финансирано од Глигор Цанев и Минчо Остас од Торонто и Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).
Ова може да се прочита на фејсбук-профилот на ОМО Илинден Пирин, во поканата за отворањето на клубот, каде покрај останатите формалности, се наведени и „пријателите“ со чија финансиска помош се реализира иницијативата.