Клубот во Кран Монтана не бил проверен од инспекција пет години

Инспекција немала влезено пет години во швајцарскиот бар кој се запали за време на новогодишната забава, при што загинаа 40 лица, а повеќе од 116 беа повредени, а според законот, ваква инспекција се очекува еднаш годишно.

Инспекција немала влезено пет години во швајцарскиот бар кој се запали за време на новогодишната забава, при што загинаа 40 лица, а повеќе од 116 беа повредени, а според законот, ваква инспекција се очекува еднаш годишно.

Градоначалникот на Кран-Монтана, Николас Феро, се извини на прес-конференција и рече дека сите свеќи со прскалки, за кои се верува дека го предизвикале пожарот, сега се забранети во затворен простор, објави Скај њуз.

Во соопштение објавено во вторник, општината Кран-Монтана изјави дека длабоко жали што открила „пропуст во спроведувањето периодични инспекции“, а градоначалникот подоцна на прес-конференција изјави: „Длабоко ни е жал. Немавме индикации дека не се извршени проверки“.

Феро додаде дека властите затвориле уште еден бар управуван од менаџерите на Le Constellation, кои се осомничени за убиство од небрежност, телесни повреди од небрежност и палење, според регионалниот обвинител на Вале.

Во извештајот за пожарот во барот од 2019 година не се споменуваат проблеме, рече тој, додавајќи дека обезбедувањето сметало дека пената за звучна изолација што се користела во барот била прифатлива во тоа време. Сепак, тој додаде дека противпожарните инспекции на баровите се задолжителни секоја година во Кран-Монтана.