
Кличко со порака до жителите на Киев: Направете залихи со храна или напуштете го градот
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денес изјави дека енергетската ситуација во главниот град на Украина е многу тешка, предупредувајќи ги жителите дека „можеби сè уште не е најтешкиот момент“ поради ризикот од нови напади од Русија.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денес изјави дека енергетската ситуација во главниот град на Украина е многу тешка, предупредувајќи ги жителите дека „можеби сè уште не е најтешкиот момент“ поради ризикот од нови напади од Русија.
Според него, Киев се подготвува да одговори на различни сценарија на настани, поради, како што рече, многу тешката ситуација во енергетскиот сектор и разбирањето дека непријателот најверојатно ќе продолжи да ја напаѓа критичната инфраструктура на градот.
– Им се обраќам на жителите и искрено велам: ситуацијата е исклучително тешка и ова можеби сè уште не е најтешкиот момент. Снабдете се со храна, вода и потребни лекови. Оние кои сè уште имаат можност да го напуштат градот, каде што има алтернативни извори на електрична енергија и греење, нека не ги отфрлаат – предупреди Кличко.
Градоначалникот на Киев, исто така, ги повика работодавците да „организираат флексибилно работно време и, доколку е можно, да ги префрлат вработените на „далечинска работа“.
Според него, во секој округ на Киев, властите имаат наведено објекти каде, доколку е потребно, „голем број луѓе ќе можат да преноќат“.
– Тие ќе бидат опремени со места за преноќување, ќе им бидат обезбедени уреди за греење (мобилни котларници), храна и хигиенски производи – нагласи Кличко.