
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска објави дека разговарал со германскиот вицеканцелар Роберт Хабек за понатамошна поддршка и помош за Украина, вклучително и испорака на оружје, и дека се донесени „позитивни одлуки“.
„Разговаравме за понатамошна поддршка и помош. Особено за испорака на оружје. Донесени се позитивни одлуки. Добри вести доаѓаат наскоро“, напиша Кличко на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Градоначалникот на Киев не соопшти други детали од средбата што се одржа на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, но Украина се надева дека Германија ќе и обезбеди тенкови кои ќе и помогнат да се одбрани од руските напади. според британската агенција.