„Половина од населението на Киев побегна од почетокот на руската инвазија“ изјави денеска градоначалникот на престолнината на Украина – Виталиј Кличко.
„Според нашите информации, секој втор жител на Киев го напуштил градот“ – изјави тој за украинска телевизија.
„Во моментов, нешто помалку од два милиони луѓе се заминати. Сепак, Киев е претворен во тврдина. Секоја улица, секоја зграда, секој контролен пункт се утврдени“ – изјави Кличко.
Според веб-страницата citypopulation.de минатата година во Киев, заедно со поширокиот дел на градот, живееле 3,5 милиони луѓе.
Руските сили со своите оклопни возила веќе се пред североисточниот дел на градот, додека според украинските сили имало тешки борби во текот на ноќта за контрола на главниот автопат кон Киев.