Кличко очекува жесток напад врз Киев, слично како во Мариупол и Харков

Кличко очекува жесток напад на Киев, сличен како во Мариупол и Харков

Виталиј Кличко – градоначалникот на Киев денеска разговараше со специјалниот дописник на „Скај Њуз“ веднаш по повеќекратното  гранатирање на населба од главниот град, укажувајќи на штетата.

„Шест згради, вклучувајќи и една предучилишна установа, се оштетени во нападот врз населбата Подил во Киев“ – рече Кличко.

Гранатираната населба е во северниот дел на градот, на околу 1,5 милји од владиниот кварт, каде се наоѓа претседателската палата.

„Нападот беше насочен кон станбена област без воена база“ – рече Кличко.

На прашање што очекува да се случи следно во Киев, тој вели дека верува дека ќе следува жесток напад, сличен на оние во Мариупол и Харков.