
Градоначалникот на Киев – Виталиј Кличко информираше дека синоќа најмалку едно лице откако беа погодени неколку станбени куќи и трговски кварт при гранатирањето на Подол, историски кварт на украинската метропола. Тој истакна дека во Подол одекнале неколку експлозии.
„Според информациите што ги имаме во моментов, погодени се неколку куќи и еден од трговските центри“ – објави Кличко на Телеграм.
Додаде дека на местото на нападот пристигнале спасувачки екипи, медицински работници и полиција. Пожарникарски екипи го изгаснале големиот пожар во трговскиот пожар.
На Твитер се појави видео снимка од наводното гранатирање вечерва на Киев.