Виталиј Кличко – градоначалникот на Киев ги повика граѓаните на украинската престолнина да останат во своите домови од утре до понеделник, во периодот кога Русија го одбележува Денот на победата. Ова предупредување доаѓа откако западните власти шпекулираат дека рускиот претседател Владимир Путин би можел официјално да и објави војна на Украина на 9 мај, симболичниот ден за Русија.
Иако Кличко не воведува полициски час, во тоа време нема да се организираат настани. Додаде и дека патролите во градот ќе бидат засилени.
„Ако некој сака да оди да положи цвеќе, може да го направи тоа сам. Внимавајте и придржувајте се до правилата за воена безбедност. Исто така ве замолувам да не ги игнорирате воздушните предупредувачки сигнали и веднаш да се засолните. Во наредните денови постои голема веројатност за ракетни напади во сите региони на Украина. Внимавајте и грижете се за сопствената безбедност“ – рече градоначалникот на Киев.