Кличко до граѓаните на Киев: Подгответе ќебиња и топла облека!

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека градските власти ќе направат се за жителите на главниот град да имаат греење, но имајќи ги предвид моменталните околности ги повика граѓаните да подготват топла облека.

Кличко во интервју за порталот „Бабел“ изјави дека властите се подготвуваат за сите можни сценарија и дека граѓаните треба да го сторат истото и да имаат топла облека при рака за секој случај, пренесува „Укринформ“.

„Не исклучуваме дека може да има терористички напади, напади на пумпни станици. Го разгледуваме и ова сценарио“ – изјави Кличко.

Тој побара од граѓаните да подготват топла облека, топли ќебиња и додаде дека не е исклучена можноста температурата во становите да биде неколку степени под нормалата, пренесува „Танјуг“.