Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, изјави дека Украина е очајна поради бројните напади врз енергетската инфраструктура и дека киевската мрежа работи во итен режим.
Тој апелираше до Западот да испрати ќебиња и генератори во Украина за да ја преброди зимата.
Самиот Кличко купил неколку генератори и поставил 1.000 мобилни пунктови за греење во Киев, организирани со помош на неговиот тим.
Стравовите продолжуваат да растат како што се приближува зимата, а Русите продолжуваат да ја напаѓаат клучната енергетска инфраструктура.
„Поради значителниот недостиг на електрична енергија, од 20 до 50 отсто од енергетскиот систем на градот работи во итен режим“ – напиша Кличко на Телеграм.
Тој изрази надеж дека вработените во Укренерго ќе го вратат протокот на електрична енергија на нормално ниво за две до три недели, пренесе Аваз.