Клиниките за Кардиологија и Неврологија добија нови директори

Даница Петкоска Спирова и Игор Кузмановски се назначени за нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија.

Две клиники на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ денеска добија нови директори. Д-р Игор Кузмановски е поставен за директор на Клиниката за неврологија, и д-р Даница Петкоска-Спирова е назначен за директор на Клиниката за кардиологија.

Д-р Кузмановски доаѓа на местото на д-р Фатмир Меџити, а Петкоска-Спирова на местото на примариус д-р Беким Поцеста.

Кузмановски е вработен на Клиниката за неврологија од 1996 година. Дипломирал на Медицинскиот факултет во 2002 година, а докторирал во 2016 година.

Петкоска-Спирова дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 2007 година, а докторирала во областа на инвазивни техники за третман на каротидната артериска болест. Од 2011 година е вработена во Клиниката за кардиологија.