Клиника „Жан Митрев“ останува со старите сопственици, преговорите за нов газда пропаднаа

Клиниката „Жан Митрев“ останува со старата сопственичка структура. Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare не завршија со конечен договор.

– Остануваме посветени на нашата работа во Клиниката `Жан Митрев` и развивањето на стандардите во приватното здравството. Нашиот приоритет остануваат нашите пациенти и инвестициите во овој домен нема да се намалат. По 23 години успешно опстојување ја продолжуваме мисијата за воведување повисоки стандарди во здравствените услуги во земјава – соопштија од Клиниката.

Оттаму нагласуваат дека и покрај потешкотиите што ги имаат поради блокираната сметка продолжуваат и понатаму да инвестираат и да се развиваат.

Во моментов менаџментот на Клиниката не води преговори со други заинтересирани компании, велат оттаму.