Клиниката за онкологија функционира нормално, вели директорката Виолета Клисарова

Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално, вели за Фокус директорката на Клиниката, Виолета Клисарова.

„Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите“ изјави Клисарова.

Таа не ги коментираше денешните случувања на клиниката. Во врска со претресите кај лицата кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упати на надлежните институции.

Од утрово се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Според информациите има и уапсени, меѓу кои и ексдиректорот на клиниката.