Климатскиот самит на работ на колапс: Сиромашните земји бесни, излегоа од преговорите
Претставниците на малите островски држави и најмалку развиените земји го напуштија денеска консултативното заседание со азербејџанското претседателство на климатската конференција на ОН во Баку (КОП29) во знак на протест против финансискиот договор што се подготвува, пренесоа светските агенции.

„Излеговме“, рече претставникот на Самоа, Седрик Шустер, во име на групата островски нации додека КОП29 продолжува без изгледи за компромис.
Преговарачи од богатите и сиромашните земји денеска се собраа во една просторија на подолги од очекуваните разговори за климата под покровителство на Обединетите нации. Клучното прашање е договорот за финансиски средства за да им се помогне на земјите во развој да се прилагодат на климатските промени, забележуваат агенциите.
Според првичните информации, нацрт-предлогот бил категорично отфрлен, особено од африканските земји и малите островски држави.
„Сегашниот договор за нас е неприфатлив. Треба да разговараме со другите земји во развој и да одлучиме што да правиме“, рече Еванс Ниева, претседател на групата на најмалку развиени земји.