Клековски: Со десетина долари придонес нема здравство како во Шведска

Во Македонија е сузбиен црниот пазар на онколошки лекови за пациенти болни од канцер – тврди првиот човек на Фондот за здравство, Сашо Клековски во интервју за Радио Слободна Европа. Криминалниот случај во Онкологија беше со продажба на лекови надвор од земјата и одговорно тврдам дека во Македонија никој не платил за тоа – вели Клековски.

Во Македонија е сузбиен црниот пазар на онколошки лекови за пациенти болни од канцер – тврди првиот човек на Фондот за здравство, Сашо Клековски во интервју за Радио Слободна Европа. Криминалниот случај во Онкологија беше со продажба на лекови надвор од земјата и одговорно тврдам дека во Македонија никој не платил за тоа – вели Клековски.

„Ова е прв пат во Македонија да има процес во здравството за ваков тип на криминал, бидејќи сите случаи на одредени кривични дела во здравството биле или за индивидуално мито, или за груби лекарски грешки. До сега немаме гонење за вакво кривично дело и мислам дека е порака до целото здравство дека доколку има такви криминални дела, тие мора да престанат, ќе бидат гонети. Неказнивоста во здравството е заради присутниот страв од гонење на лекари. Мислам дека тоа е културошки присутно“, изјави Клековски.

Клековски вели дека Клиниката за онкологија доби два пати поголем буџет и финансиите повеќе не можат да бидат проблем. А она што во моментот се случува како недостаток на лекови е исклучиво заради дистрибутерски проблем. Во моментот нема ниту еден лек кој недостасува, а за кој нема замена- тврди Клековски.

„Со десетина долари придонеси здравствени не можете да очекувате здравство какво што има во Шведска и лековите што се достапни во Шведска.“, рече Клековски.

Обвинителството поднесе две обвиненија за случајот Онкологија. Обвинети се екс медицинскиот директор Нино Васев и уште тројца онколози за несовесно лекување болни и тешки дела против здравјето на луѓето. Вештачењето од Словенија покажало дека 29 болни од канцер бил несоодветно лекувани со што им се влошувало здравјето. Други пак добивале од скапата биолошка терапија во фаза кога таа не можела да им помогне. Другото обвинение е за Васев и екс организацискиот директор Нухи за злоупотреба, измама и проневера во службата. Доказите покажале дека девет пациенти само на хартија добивале дел од лековите. Истрагата не утврдила каде завршувал вишокот терапија.