Клековски не е изненаден од комуникација меѓу Груевски и власта

„Прво, за мене не е изненадување дека има комуникација помеѓу власт и Будимпешта. Првите информации за средбите ги објави Зоран Димитровски на една телевизија. Еден ден пред објавата во ВМРО-ДПМНЕ, имаше гостување на лидерот на ДУИ, Али Ахмети на една политичка емисија на која што тој тврдеше дека во врска со Кривичниот законик имале комуникација во состав Заев – Ахмети – Груевски“, истакна Сашо Клековски во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија.

Клековски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не преговара за уставните измени, тоа јавноста го знае. И измените во Кривичниот законик се изгласаа за да се спаси власта од сторениот криминал.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше дијалог со власта околу уставните измени, тоа беше лидерската средба со Ковачевски кога ВМРО-ДПМНЕ даде предлог на два моделитети, едниот со уставни измени со одложено стапување на сила па избори. А, другото беше избори, исполнување на одредени услови па уставни измени. Не е тоа тајна. Јавно беа презентирани предлозите“, потсети тој.

Тој посочи дека ставот за уставни измени е единствен на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е тајна дека неколку месеци се подготвуваат иницијативи каде што ќе се прават нови партии, нови настапи кои треба да го намалат изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Клековски.