Клековски: Пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија

- Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија. Сите, сите повредени се згрижени најдобро што можеме!, објави Клековски.

 Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски на неговиот фејсбук профил објави дека денеска се згрижени над 140 настрадани.

– Во земјава се 90 повредени и тоа Клинички центар 20, ГОБ 8 септември 20, Св. Наум Охридски 21, КБ Штип 20, ОБ Кочани 7, Токсикологија 2. Има пациенти и во Аџибадем Систина и Жан Митрев. Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници. Пристигнатите во странство се стабилни. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска 4 и за Романија 4. Има можности за Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица, напиша Клековски на фејсбук.

Тој информира дека од раните утрински часови во Клинички центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во одлична координација со МВР и МНР.

– Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија.
Сите, сите повредени се згрижени најдобро што можеме!, објави Клековски.