Кишида: Пропустите на полицијата овозможија да биде убиен Абе
Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека убиството на Шинѕо Абе (на 8 јули) е поради несоодветното полициско обезбедување. Кишида рече дека безбедносните мерки на тој настан (предизборен митинг) не биле доволни.
Абе, еден од највлијателните јапонски политичари, беше убиен на јавен настан за време на изборната кампања, а фотографиите и видеата од настанот покажуваат дека осомничениот можел непречено да му пријде на Абе, пренесува „Бета“.
Тој сега е во притвор и на распит во полиција.
Според извештаите на тамошните медиуми и на полицијата, осомничениот рекол дека пукал во Абе поради неговата наводна поврзаност со верска организација.