Премиерот на Бугарија – Кирил Петков денеска доаѓа во Битола каде ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“.
Петков придружуван од потпретседателката на Бугарија – Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата – Екатерина Захариева, ќе промовираат владини проекти на таа држава.
Пред посетата на градот под Пелистер Петков истакна дека во делегацијата што ја предводи ќе има многу луѓе од различни партии што ќе дадат поддршка на бугарската заедница во Северна Македонија, и кои ќе потврди дека Македонија треба да биде дел од Европа и дека двете страни ќе се движат во таа насока Петков.
По свеченоста премиерот Петков и министерката Генчовска заедно со своите домаќини, македонските министри за надворешни работи Бујар Османи и за транспорт и врски – Благој Бочварски ќе го посетат и извршат увид на електро-енергетскиот проект „Битола 2“ кој е во рамки на Коридор-8 и е наменет за реализација на интерконекција меѓу Северна Македонија и Албанија.