Новиот бугарски премиер Кирил Петков, заедно со вицепремиерот и министер за финансии. Асен Василев, како и министерката за надворешни работи – Теодора Генчовска денеска ќе престојуваат во Брисел на прва работна посета во странство. Во Брисел ќе се сретнат со претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лајен и со генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг.
Петков најави дека во Брисел ќе ги покаже први стратегии на новата бугарска Влада.
Се очекува да се водат разговори за ситуацијата во енергетскиот сектор и зголемувањето на цените на енергијата, планот за закрепнување и одржливост, борбата против корупцијата и процесот на проширување на ЕУ со Западен Балкан.