Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби за полското радио изјави дека ескалација на конфликтот нема да биде добра ниту за Украина, ниту за Полска.
– Никој не сака оваа војна да ескалира, рече Кирби на прашањето за барањето на Украина руски ракети да се соборуваат од полска територија.
– Сакаме да бараме начини како да ја направиме Украина ефикасна, но не сакаме ескалација. Тоа не би било добро за Украинците, не би било добро за Полјаците, не би било добро за никого, истакна тој.