Кинотеката на Македонија одбележува полувековен јубилеј
Половина век постоење годинава одбележува Кинотеката на Македонија, формирана како институција од посебен интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење. Официјално почнува да работи во 1976 година, две години подоцна од усвојувањето на Законот за формирање на Кинотека на Македонија (29 април 1974).

Кинотеката располага со фонд од над 15 000 филмски копии, повеќе од 72 000 парчиња пропаганден материјал, фотографии и плакати и повеќе од 100 000 пишувани документи. Во состав на Кинотеката е и специјализираната библиотека со над 4500 книги и списанија за историјата и теоријата на филмот, како и 32 500 прес-клипинзи. Кинотеката располага и со колекција на стари кинематографски апарати.
Архивските материјали, односно целокупната македонска филмска продукција (од 1905 година до денес), како и филмовите снимени од странски автори во Македонија во периодот до Втората светска војна, се чуваат во посебен оддел, во депоа со контролирана температура и влажност на воздухот. Останатите филмски материјали се наоѓаат во кинотечните депоа.
Во Кинотеката на Македонија постојат два сектора – филмски архив или сектор за прибирање, заштита, чување и обработка на филмови и филмски материјали и придружна филмска документација и сектор за истражувачка, издавачка, јавна и меѓународна дејност, библиотечна дејност и филмска програма.
Кинотеката е членка на Меѓународната федерација на филмски архиви (FIAF), Европската асоцијација на кинотеки (ACE) и на асоцијацијата „Europa Cinemas”.
По повод 50-годишниот јубилеј, в среда (8 април) ќе биде промовирана поштенска марка за Кинотеката, изработена од авторот Лазе Трипков.
Како што е најавено, на настанот ќе се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, директорот на Поштенски сообраќај во АД Пошта, Бојан Кереместевски, и раководителот на архивот на Кинотеката, Игор Старделов.