Кинески воен авион се урна среде град: Пилотот се спаси, жител настрада (ВИДЕО)

Кинески воен авион се урна вчера во станбена област во Кина, при што загинало најмалку едно лице, јави кинеската државна телевизија CCTV.

Авион Ј-7 на Народноослободителната војска вршел обука во провинцијата Хубеи кога се урнал, при што биле оштетени неколку куќи. Еден жител загина, а двајца се повредени.

Пилотот се спасил

Пилотот пред падот излетал од авионот и паднал со падобран на земја, при што се здобил со полесни повреди, пишува CNN.

На видеата на социјалните мрежи се гледаат куќи кои горат покрај урнатиот авион. Инцидентот се случил во близина на аеродромот Лаохеку во Ксијангјанг. Засега не е позната причината за несреќата. Властите истражуваат.